Целиот свет не престанува да зборува за разводот на актерот Лиам Хемсворт и пејачката и актерка Мајли Сајрус, а сега убавиот Австралијанец конечно се огласии неговите зборови растажија многумина.
„Вие немате идеја како се чувствувам сега“, рече Лиам, цитирајќи а пренесува „Дејли Меил Австралија“, па додава:
– Не сакам да зборувам за тоа …, но според актерот ова се само измислени изјави од медиумите, па затоа реши самиот да си напише на Инстаграм за она што го мисли:
-Само на кратко да кажам дека Мајли и јас неодамна се разделивме и и посакувам само здравје и среќа понатаму. Ова е приватна работа, не сум кажал и нема да има било какви коментари за ниеден новинар или медиум. Секој наслов и изјава од мене се лажни. Мир и љубов, напиша Лиам на својот официјален профил на Инстаграм.
Потсетуваме, Мајли Сајрус сега се дружи со манекенката Кејтлин Картер, а нивните фотографии од патувањето во Италија ги преплавија социјалните мрежи.
Мајли и Лиам се во брак повеќе од половина година, а нивниот развод изненади многу фанови на славната двојка.