Се разведува Гога Секулиќ, пишува курир.рс
Имено, пејачката неодамна поднела барање за развод од Урош Домановиќ со кој е во брак шест години.
Парот се разделил пред шест месеци, а дури сега поднеле судска постапка за развод. Извор близок на парот тврди дека тие последните две години не живееле заедно поради професионални обврски и токму тоа придонело да се залади нивниот однос.
Гога потврди дека дошло крај до нејзиниот брак со Урош.
-Точно е дека се разведувам по шест години брак. Урош и јас се договоривме. Не постои трета личност, едноставно донесовме таква одлука, а причината е наша приватна работа. Преоритет ни е нашиот син Василиј Андреј и обврските кон него, па јас и Урош имаме коректен однос кој ќе остане и таков, вели пејачката.
Гога и Урош се запознале сосема случајно во Цирих кога Гога била на пијалок со Дара Бубамара.
фото: STORY/LUKA ŠARAC/ SONJA SPASIĆ