Од Ким Кардашијан веќе се навикнавме да гледаме буквално сè, почнувајќи од нејзините чудни модни комбинации, но овој пат повторно се надмина себе.
Папараците ја уловија Ким Кардашијан Вест пред студио во Лос Анџелес во нејзиното најфатално издание досега. Старлетата искомбинирала дуксер, бициклисти, чанта од крокодилска кожа, сето тоа во беж боја, додека на нозете носела црни влечки и сиви спортски чорапи.
Подобар поглед кон своите стапала Ким ни овозможи на својот Инстаграм профил, односно Инстаграм Стори, каде откри дека тоа е дело на нејзиниот сопруг Каније Вест. Тоа секако не требаше да биде изненадување со оглед на тоа дека Ким е подвижна реклама за неговиот бренд Yeezy.