Водителката на Телевизија Пинк, Јована Јеремиќ, важи за една од најинтригантните личности на јавната сцена.
Јавноста коментира за се што е поврзано со неа, а за нејзината изјава дека сопругот мора да и купи часовник Ролекс и стан долго време се зборува во јавноста.
Имено, Јована сега постигна уште една работа на списокот со желби и реши конечно да се почести со Ролекс, со кој јавно се пофали во една емисија.
– Сакам богати мажи и што е проблемот, и јас сум богата. За една година животот ќе ми врати сè, и нека бидат две години: Направив мега кариера на Пинк, поставив стандард што никој не го достигна во информативната програма со моите резултати, кои продолжуваат до денес, купив два стана, едниот е во центарот на градот, другиот во Мириево, и сега сум среќно заљубена жена.
-Имате една уништена Јована, но јас знаев што треба да направам и имав храброст да кажам дека нема да живеам како слепа, туку како кралица, бидејќи заслужувам се и сето тоа сама го создадов. Сега можам да бирам со кого ќе бидам и нема да се задоволувам со ништо помалку, па на овие моралисти што ме коментираат каков ролекс…па секако дека мора да ми го купат, бидејќи јас веќе си го купив сама на себе – рече Јована и јавно го покажа својот нов Ролекс, а потоа продолжи:
– Ова е вистински Ролекс, а мажите сега треба да се натпреваруваат, кој ќе ми купи подобар, па секако дека ќе го направат тоа , не сакам да бидам со некој што ќе ми даде помалку – рече Јована.
Фото: Принтскрин/Инстгарам/Јутјуб