Гранд поради коронавирусот и вонредната состојба одлучи да ги одложи снимањата на „Ѕвездите на Гранд“, а емисијата „Специјал“ ќе се емитува секоја недела, но без публика.
„Имавме идеја да снимиме неколку емисии со натрпеварувачите од Србија, па потоа со кандидатите од другите држави. Меѓутоа, поради вонредната состојба, сопствениците на „Гранд“ одлучија да се одложат снимањата. Не знаеме што ќе се случи во следните месеци. Тоа зависи од договорот со Гранд и Прва српска телевизија. Ако ситуацијата не биде подобра, можеби ќе направиме пауза до септември, а можеби ќе продолжиме и со забрзано темпо“ вели Воја, а познато е дека новите сезони на музичкото шоу започнуваат во септември.
Тој вели дека ќе му биде чудно да работи без аплауз.
„Некако ми беше чудно без публика бидејќи студискиот простор е голем“ вели Воја.