Радио Милева

„Некст тајм“ ја шокираа публиката: „Нешто ќе те питам бабо“ ќе биде тргната од Јутјуб!

„Некст тајм“ ја шокираа публиката: „Нешто ќе те питам бабо“ ќе биде тргната од Јутјуб!

Третата преработка на браќата од дуото „Некст Тајм“, „Нешто ќе те питам бабо“, откако ја промовираа е на листата на секојдневно слушање кај многумина од различни возрасни геренрации.

Песна, за која уште еднаш Мартин и Стефан успеаја да кренат прашина и со неа да го покријат времето додека ги немаше, односно работеа на тој нов проект.

Вчера, Стефан Филиповски беше доста активен на социјалната мрежа Инсатaграм, каде со една објава ја шокираше публиката.

Имено, тој напиша дека „Нешто ќе те питам бабо“ ќе биде отстранета од интернет канлот Јутјуб. Свесен дека многумина ќе сакаат да го прашаат зошто, тој реши да одговара на популарните прашања во низа на социјалната мрежа.

Откако ја фрли мамката, прашањата се редеа едно по друго, а освен тоа дека отстранувањето на „Нешто ќе те питам бабо“ е само шега за 1-ви Април, Стефан откри многу новини поврзани со нивната кариера и преработките на стари македонски песни.

Имено, близнаците работат не на една, туку на уште неколку преработки кои планираат да ги заокружат во еден албум, а подоцна и се враќаат на авторската музика, им открија на фановите.

Инаку, „Нешто ќе те питам бабо“ се уште е на Јутјуб и има над 800 илјади прегледи.

фото:инсатграм/фејсбук/нексттајм

To top