Промотер

Некст Тајм ја промовираа новата преработка – „Глас ми се слуша“ (АУДИО)

Некст Тајм ја промовираа новата преработка – „Глас ми се слуша“ (АУДИО)

„Next Time“ на 7 јуни 2022 година  го промовираа својот албум „Мајка“.  На албумот се наоѓаат девет композиции, од кои повеќето веќе познати, а три од нив сосема нови, плус уште една бонус тема. Бонус композицијата е нова верзија на „Ја излези Ѓурѓо“ снимена заедно со Влатко Лозаноски, а првата која беше во етерот пуштена веднаш по промоцијата од трите нови композиции и е објавена на YouTube е  преработката на „Во Крушево густа магла“.

Останатите две  композиции се „Глас ми се слуша“ и „Абер ми пристигна од Крушево“. Целиот албум наскоро ќе биде и на YouTube а е веќе достапен на Spotifу. 

„Мојата омилена“ – порача пејачот Стефан Филиповски на својот Фејсбук профил промовирајќи ја во етерот песната, а вие слушнете како звучи „Глас ми се слуша“ во верзија на „Некст Тајм“:

To top