Од Лила човек може се’ да очекува… Знае да изненади како ниту една друга! И кога таман сите ќе помислат, аха, ете… значи тоа било тоа, излегува дека нема врска! Или барем нема докази!
Така и овој пат… Кога сите ја очекуваат новата сезона на „Се’ или нешто“, додека тераат репризите на претходната, Лила со новиот пост споделен во вид на старо видео на нејзиниот Инстаграм, ги шокираше, или во најмала рака ги збуни своите верни обожаватели!
Имено Лила, која никогаш не сакала да ја форсира пејачката страна од почетокот на нејзината кариера, па дури и ја криела, сега наголемо постираше една од нејзините стари песни. Насловот до душа малку индикативен за овие чудни времиња… Затоа и „Ти верував до крај“ ги подели мислењата.
Едни велат дека е во прашање скриена порака до некого, кој дебело ја изневерил водителката… До крај! Затоа и решила да се наврати на старата песна за да му испрати нова порака… „Гледам како една ѕвезда паѓа…“ А вие, ајде погодете ако е така, кому му е упатена „шифрираната“ порака? Едно е сигурно. Ако е така, тоа мора да е некој нејзин „многу близок“… Барем до скоро!
Ако пак, не е тоа во прашање, тогаш мора да е најава за враќање во иднината на „старата песна“ – вела други, мислејќи на пејачката професија на Лила, од почетоците на кариерата. Дали тоа значи дека водителката подготвува нова песна и се враќа на естрадата?
До душа, иако еден од коментарите покрај видеото кое Лила го споделила гласи: „За водител можеби ти нема рамна, ама за пејачка не те бива“, кога ќе види и слушне човек кој се’ пропеа, Лила во однос на многумина од нив е „пејачиште“. Особено со денешнава технологија…
Ама дали е и тоа воопшто во прашање или се работи за нешто трето, Лила должи одговор! Дали пејачката кариера на водителката одново ќе важи или на Лила и е преку глава од „неверни“ мажи?
За оние кои знаат – мало потсетување, за останатите – изненадување: Вака пее Лила!