Младата актерка многу често е една од главните теми кога е модата во прашање. Актерката Милена Радуловиќ реди успеси на деловен план, а публиката ја засака благодарение на нејзиниот бескраен талент, но ни покажа дека освен глумата има и совршено чувство за мода.
Милена како и сите нејзини колешки е доста активна на социјалните мрежи каде објавува различни моменти од приватниот живот, па неодамна објави и кадри од Занзибар каде актерката беше на одмор. По враќањето во Србија, таа ја донесе една од најважните одлуки во животот на секоја жена и отиде на фризер за целосна трансформација.
Милена ја скрати косата и ја обои во малку потемна кафена нијанса, а читајќи бројни портали ќе видите дека овој тип на фризура е еден од оние кои одлично им одговараат на жените и ги прават да изгледаат помлади.
View this post on Instagram
Актерката со промената се пофали и на Инстаграм, а коментарите беа само позитивни, исто како што сме навикнати кога е во прашање таа.
Фото: Принтскрин/Инстаграм