Во емисијата „Никогаш не е доцна“ се претстави и Бобан Цаневски од Скопје.
Бобан се претстави со песната „Све још мирише на њу “ и го воодушеви жирито, како и публиката која го поздрави со силен аплауз.
-Силна енергија, силен вокал, звучеше многу добро, изјави Стеван Анѓелковиќ.
-Прекрасно, секоја чест, изјави Саша Милошевиќ Маре.
И Тијана Дапчевиќ која беше дел од жирито имаше само пофални зборови за Македонецот.
-Бобане, супер пееше, ништо помалку не се очекуваше од тебе, изјави Жика Јакшиќ.
Во ревијалниот дел, Бобан запеа со Огнен Здравкоски и во дует ја изведоа песната „Лагала нас мала“, a со нивната интерпретација ги освои сите симпатии на публиката во студиото.
-Браво момци, немам зборови, останав без текст, изјави Дапчевиќ.
Инаку, Бобан во 2016/2017 година учествуваше во „Ѕвездите на Гранд“ и испадна во третиот круг. Бобан помина во следната фаза, а како ќе се претстави останува да видиме.
Неговиот настап може да го погледнете во видеото подолу на 8:22.
фото: принтскрин/јутуб/никад није касно/З.К Муња/Лука/Елена