Со љубов, почит, разбирање и делење иста страст кон модата, Мики и Светлана Црнокрак стигнаа до својата 26-та годишнина од бракот.
11-ти октомври секоја година е денот кога се слави љубовта во домот на Црнокрак, па така беше и овој пат.
За убавиот повод Мики на социјалните мрежи објави неколку заеднички фотографии со сопругата, но најмногу внимание привлекоа оние од далечката 1997-ма година од денот на ниваната свадба.
Евидентно и нормално помлади од она што се денес, но се уште со посебна и уникатна убавина по која се познати уште од своите манекенски почетоци.
Модната писта ги поврза некогаш, а така е и денес бидејќи се уште ја делат истата пасија кон модниот свет и манекенството.
Тој генерално е главниот човек на модното студио „Црнокрак“ од каде излегоа и се уште се има нови лица. Светле пак, тука е за семејсниот бизис, но посветена е и на презентерството на телевизија.
Црнокрак беа и се уште се едни од најубавите двојки на македонската јавна сцена, складни и далеку од скандалозни.
Плод на нивната силна љубов се ќерките Моника и Нина кои не само што ја наследија убавината, едната на мама, а другата на тато, тргнаа и по нивните стапки, па модата не е далеку од нивното секојдневние.
Честитки за уште многу години чиста љубов!
фото:Инстаграм/Фејсбук принтскрин