Некогаш слатко мало девјченце со полни очи возбуда , која години подоцна и самата со својата појава предизвикува возбуда полнелнејќи ги машките очи со „влажни погледи“ кои не се симнуват од неа и нејзините фотографии на социјалните мрежи.
Македонска убавица која стана позната по учеството во најгледаното регионално реално шоу „Задруга“ која имаше доблест дури и пиштол гола да се соблече пред камерите под тушот, да ја заинтригира јавноста како модел и инфлуенсерка која најчесто рекламира скостими за капање и секси долна облека, и се обиде како водителка на српската РЕД ТВ, презентирајќи ја нивната временска прогноза, иако таму кариерата не и потраја.
Ако се уште не ви текнува за кого станува збор, од она на што ве потсетивме, како што таа се потсети на своето детство со една стара црно-бела фотографија од 1999 година, тогаш или ретко гледате телевизија, слбо отчитате портали или не сте воопшто по листањето Инстаграм, зашто поинаку не е можно барем случајно да не сте налетале на Елеонора Миљковиќ.
Токму ова слатко мало девојченце на старата слика од пред дваесет и три-четири години, неодамна љубовта со своето момче ја круниса со брак и свадбена веселба во која убавата Нора беше невеста како од бајка…
Она што логично следува е веројатно наскоро да се реализира и како мајка.
А кога сме кај мајките и убавината, токму неа убавата скопјанка ја наследила од својата мајка, за која очигледно годините се само бројка во личната карта, кои нималку не и се одразуваат на ликот и ставата, зашто убавината кај атрактивната госпоѓа, како да е во времето застаната.
Такашто слатката малечка од црно-белата фотографија, воопшто не мора да се грижи за својата убавина и во иднина… Ни таа, а Бога ми ни зетот, зашто генетиката прави чуда!
Впрочем, не попусто се вели: „Види ја мајката (тештата), ќе видиш каква ќе ти биде сопругата во иднина!“
Во случајов, мошне веројатно, повеќе од атрактивна и доволно секси и во зрели години!
Фото: Инстаграм принтскрин/__elle.m__