Постарите фотографии во албумите кои ги чуваме како архива секогаш знаат да не потсетат на некои убави моменти и да ни разбудат сеќавањата.
Многу бројни јавни личности знаат да извадат некоја фотографија од архива, па да покажат како изгледале некогаш.
Од свеото детство, па досега многумина од нив се промениле, а некои можеби и нема да ги препознаете. Но, како и да е, тие фотографии секогаш не враќаат на среќни мигови и не потсетуваат на тоа што сме биле, а што сме денес.
Таква една фотографија извади Калиопи Букле која се потсети на своето детство и како изгледала како девојче.. Македонската дива, со успешна кариера, на својот „Инстаграм“ профил објави фотографија, а во описот напиша:
„Таа се уште ме води, уште е будна и активна и полна со надеж“ напиша Опи на објавата
. Калиопи денес важи за една од нашите најуспешни пејачки во Македонија и регинот која зад себе има многу хитови кои ќе останат вечно во архивата на македонската музика.