Тијана Ѓуричиќ, попозната како „кралицата на силиконите“, ја запрепасти јавноста со својот физички изглед пред неколку години, кога нејзините фотографии од еден клуб станаа вирални.
Пред неколку години јавноста шокирано гледаше во фотографиите на „пренапумпана“жена која на социјалните мрежи се фалеше со зголемени усни и гради, а агресивните сини леќи доведоа дополнително до нејзиниот неприроден изглед.
На таа фотографија таа позирала со пријателка кој очигледно ја делел истата страст за естетските зафати, а медиумите веднаш стапиле во контакт со нив. Тијана гостуваше во емисијата „Магазин ин“ каде уште еднаш шокираше со својот став, и започна јавна дискусија за старлетите, естетиката, убавината, самодовербата и воопшто за вредностите во денешното општество.
На Тијана популарност и донесе и учеството во реалното шоу „Фарма“, па токму тогаш на површина исплива нејзината фотографија пред сите естетски зафати. Многумина коментираа дека воопшто не и била потребна промена на изгледот, но таа го отфрли секое мислење што се коси со нејзиното.
А потоа, Тијана нагло се повлече од јавниот живот, клубовите, рефлекторите и шокираше со нова драстична промена – „силиконската кралица“ повеќе не беше „силиконската кралица“!
Имено, таа одлучила да ги намали градите, да го отстрани силиконот од усните, да ослабе и да носи сини леќи! Значи, сè по што беше препознатлива.
Ова наиде на општо воодушевување од сите нејзини следбеници, а комплиментите продолжија да пристигнуваат. Тијана денес изгледа сосема поинаку. Иако не се откажа целосно од процедурите на лицето и телото, но сега изгледа многу поприродно и според многумина поубаво.
фото:инстаграм принтскрин/Пинк ТВ