Мишел Фајфер важеше за една од најубавите жени на светот, а и денес може да се пофали со таа титула.
Познатата холивудска актерка има 65 години и не се срами да покаже како изгледа без шминка на лицето, што редовно предизвикува восхит и кај постарите и кај помладите генерации.
Меѓу најголемите ѕвезди ретко се случува да немаат направено пластична операција за да го „сопрат“ стареењето, но тоа не е случај и со ѕвездата од филмот „Лице со лузна“.
View this post on Instagram
Русокосата актерка лесно им одолева на трендовите за разубавување, па не користи фотошоп или разни апликации или филтри, поради што се уште е на врвот на листата на омилени холивудски личности.
Иако со најновата објава сакаше, всушност, да се пожали на модринката на окото која ја доби додека играше пинг-понг, таа воодушеви со својот сосема природен изглед, па објавата беше проследена со бројни комплименти.
View this post on Instagram
„Невозможно е некогаш да остариш. Ти си навистина убава и неверојатна жена. Мило ми е што постоиш на овој свет“, „Сепак убава“, „И со тоа си најубава“… овие се само дел од коментарите за славната убавица.
фото: Instagram printscreen / michellepfeifferofficial