Радио Милева повторно исмеан

Некогаш беше фотограф, а сега е готвач: Бруклин Бекам гради „кариера“ на социјалните мрежи (фото)

Некогаш беше фотограф, а сега е готвач: Бруклин Бекам гради „кариера“ на социјалните мрежи (фото)

Синот на Дејвид и Викторија Бекам упорно се обидува да изгради кариера, а луѓето на социјалните мрежи секогаш го пречекуваат со навреди и потсмев.

Бруклин Бекам, некогаш фотограф, а сега готвач, повторно беше исмеан на социјалните мрежи поради неговата „кариера“.

Синот на поранешниот фудбалер Дејвид Бекам и модната дизајнерка Викторија Бекам неодамна одлучи дека кујната ќе биде неговиот живот, а со своите следбеници на социјалните мрежи често споделува туторијали за јадења кои ги обожаваат неговата сопруга Никола Пелц и тој. Откако корисниците на Инстаграм го задеват затоа што најчесто прави сендвичи, што не е премногу кулинарски предизвик, Бруклин сега реши да оди чекор понатаму. Реакциите сѐ уште не се сјајни  бидејќи – направил салата од туна и сварил шпагети.

Меѓу воодушевените беше и тениската ѕвезда Серена Вилијамс, која на шега го праша дали може да наврати, но на повеќето луѓе на интернет им е комично тоа што младиот Бекам мисли дека е готвач.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @brooklynpeltzbeckham

Бруклин исто така неодамна беше повторно мета на потсмев кога рече дека сака да експериментира кога прави пијалоци, а потоа направи џин тоник од – џин и тоник.

„Сè уште не можам да сфатам дали Бруклин Бекам се шегува или неговите менаџери се шегуваат со него“, „Тој не сака да биде готвач туку само да се снима“, „Очекува да го почитуваме како готвач, а во животот немал обука, само се разбудил еден ден со желба да се снима додека прави сендвич“… се дел од коментарите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @brooklynpeltzbeckham

Фото:Инстгарам/Бруклин Бекам

To top