Радио Милева „Вистински е благослов“

Нејзиното лице ви звучи познато: Даниел Кајмакоски во прегратки на познатата српската пејачка Едита Арадиновиќ (фото)

Нејзиното лице ви звучи познато: Даниел Кајмакоски во прегратки на познатата српската пејачка Едита Арадиновиќ (фото)

Пејачот Даниел Кајмакоски веќе некое време живее и работи во Србија.

Имено, по разводот од неговата сопруга, моделот Кристина Димитриевска, Даниел се пресели во соседството.

Пред да започне короната, тој настапуваше по регионот, а учествуваше и во „Твоето лице звучи познато“ каде што ја однесе победата.

Во истото шоу тој се стекна со пријатели, со кои се дружи и ден денес, а една од нив е и пејачката Едита Арадиновиќ.

фото: Инстаграм/даниел кајамкоски

Имено, за време на ТЛЗП, Даниел и Едита одвреме – невреме знаеја да објават заедничко селфи и да си порачаат дека се сакаат, а изгледа тоа пријателство продолжи и по завршувањето на шоуто.

Мали сигнали: Даниел Кајмакоски и порача на оваа српска пејачка дека ја сака, а сега имаше средба со истата! – Вистина.мк (vistina.com.mk)

Имено, Кајмакоски во кусите приказни на „Инстаграм“ објави фотографија со Едита на која се прегрнати, а во описот напиша:

„Случајно да налетате на една од вашите омилени човечки сушества, навистина е благослов“.

фото: принтскрин/инстаграм/даниел кајмакоски

 

Исто така пејачот обелодени дека подготвува нова песна која ќе излезе наскоро.

фото: принтскрин/инстаграм/даниел кајмакоски

Колку за потсетување, Арадиновиќ неодамна се најде во центарот на вниманието кога на социјалните мрежи  ненамерно објави фотографија на која е потполно гола.

Уште една пејачка како од мајка родена „случајно“ осамна на Инстаграм: Едита Арадиновиќ гола под тушот (ФОТО) – Вистина.мк (vistina.com.mk)

Кајмакоски, пред некое време беше главна тема во медиумите кога се пишуваше дека му се слошило и заврши во болница, а наводно тој ја обвинил неговата поранешна сопруга дека му ставила нешто во кафето при нивната средба.

Дали Кајмакоски и Едита се сретнале случајно или не, или можеби подготвуваат нешто заедно, останува да видиме.

To top