Опседнатоста со користењето на социјалните мрежи ја имаме речиси сите, од добро утро до моментот на добра ноќ, се забележуваат сите мигови и се пласираат јавно.
Познати или непознати, сите сме зафатели од Инстаграм и Фејсбук манијата, но јавните личност најчесто внимаат што објавуваат и како изгледаат на приложеното пред будното око на јавноста и медиумите.
Особено дамите се нашминкани, со средени фризури, стајлинзи… едноставно не се заобиколува ниеден визуелен детаљ.
View this post on Instagram
Но, има и од оние јавни личности кои се исклучоци и немаат компелкси за да се претстават пред своите следбеници и во природно светло, без шминка, добро избрана облека, аксесоари…
Една од нив е тазе печената мама, пејачката Сара Мејс, која не ретко знае да откри како изгледа во домашно или релаксирано кежуал издание.

Овој пат на своите Инстаграм приказни покажа како изгледа беа шминка и со тотално откачена фризура како за по дома. Но кога ваквиот изглед се носи со доза позитивна енергија и самодоберба, тоа знае да изгледа убаво и шармантно.

Сара е доказ дека непосредноста е исто толку важна од претставувањето во природно светло пред својата публика.
фото:принтскин/инстаграм