Пејачката Тања Савиќ минува низ многу тежок период во животот поради нејзиното семејство.
Имајќи предвид дека со јавноста ја споделила моменталната приватна состојба кога станува збор за децата, Тања Савиќ не крие дека ова е најтешкиот период во нејзиниот живот.
Сепак, таа мораше да и се посвети на својата музичка кариера и да заработува, па наскоро ќе ја израдува својата публика со нова песна со младите колеги „Voyage“како што тоа веќе заедно го најавија.
Исто така, Тања не крие дека нејзиното семејство, а особено нејзината сестра, во моментов е најголема поддршка за неа, па објави заедничка фотографија на својот профил на Инстаграм со многу трогателни зборови.
– Сестра. Една од најголемите поддршки во овие тешки денови. Пазете се драги луѓе затоа што злото е насекаде околу нас. Не дозволувајте никој да плука по вашата душа со својата злоба и душите на вашите најблиски. Злото не сака добро. Но, затоа доброто секогаш победува – беше напишано во описот.