Новата сезона на „Твоето лице звучи познато – алл старс“ започна неодамна, а во неа ќе учествуваат учесници од претходните сезони кои веќе биле дел од музичкото шоу.
Меѓу учесниците оваа година е и победникот на последната сезона, Даниел Кајмакоски.
Даниел во претходната сезона одлично се снајде во улогата на Бруно Марс, Тина Тарнер, Мајкл Џексон.
Во првата емисија тој имаше задача да го имитира Хју Џекмен од насловна песна на филмот „The Greatest showmen“, а за следната емисија му се падна Тејлор Свифт.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/daniel-kajmakoski-so-odlichna-imitacija-vo-prvata-emisija-na-tlzp-poglednete-go-negoviot-nastap/
Овој петок ќе има многу интересни имитации, а екипата на српксиот портал курир.рс влезе во бекстејџ и откри како кандидатите се подготвуваат.
Како што пишува порталот, македонскиот учесник, Даниел бил многу расположен на снимањето, па цело време бил насмеан и се забавувал. За да влезе потполно во улогата на Тејлор Свифт тој ги налакирал ноктите, а додека ги сушел ги прекрстил рацете како швајцарскиот фудбалер Џердан Шаќири кој со таква гестикулација го прослави погодокот против Србија.
По ова случка, се огласи и продукцијата која истакна дека со ваквата гестикулација македонксиот пејач не сакал да пренесе порака.
„Даниел за време на подготовката на Тејлор Свифт пред фоторепортерите ги покажуваше своите налакирани нокти во разни пози, а токму тоа е објавено надвор од контекст. Даниел немаше никаква намера освен да се трансформира во жена,како ни асоцијација на некој симбил“ пишува во соопштението на продукцијата.
Исто така, Кајмакоски на својот „Инстаграм“ сподели фотографија од пробата во улогата на Тејлор Свифт.
За потсетување, оваа сезона нема нови учесници како претходно туку веќе добро познати учесници од претходната сезона како што се: Ана Кокиќ, Ивана Петерс, Кеба, Ненад Пагонис, Едита Арадановиќ, Жељко Шашиќ…. и други.
Како ќе снајде Кајмакоски во улога на Тејлор останува да ја гледаме емисијата во петок на Прва српска телевизија или во недела на Сител.