Славниот пејач, мегасветската ѕвезда Мајкл Џексон и по својта прерана смрт остана музичка легенда за сите времиња. Изведувач чиј успех и иновативна уметност тешко дека некој може да го повтори и надмине. Неговиот лик е честа инспирација за многумина уметници, актери, изведувачи… Затоа и на фотографијата која ја гледате не е ориганлниот Мајкл Џексон, туку некој сосема друг. Неееее… Мајкл Џексон не воскреснал – напротив… Зад овој лик се крие личноста која играше во еден од нашите најгледани хумористични ТВ серијали.
Впрочем, нема кој не слушнал и не гледал барем една епизода од хумористичната серија „Преспав“, која е едно од најдобрите ТВ остварувања последниве години, ако не и децении во Македонија.
Оние пак што редовно ја следат, а такви се многумина, сигурно се сеќаваат на онаа сезона кога пансионот „Преспав“ доби нова газдарица… Преслава. Или Славче, како што новата шефица на пансионот ја нарекуваше, Јелена од Драчево.
Убава, згодна, неопходна, сексапилна, заводлива, неодолива, вамп… Јана Маринова – актерското засилување од Бугарија во ликот на новата газдарица која тогаш на прва ги освои гледачите… Особено, оние од посилниот пол, а Бога ми и некој од нашите актери во серијата како Игор Џамбазов, на пример.
Нејсе, истата таа Преслава, верувале или не, е оној лик од почетокот на сторијата, престорен во Мајкл Џексон. Јана Маринова во неверојатна трансформацијаго оживеала ликот на покојниот „крал на поп музиката“, легендарниот Џеко!
И сето тоа за потребите на лиценцното музичкото шоу „Како две капки вода“, бугарска верзија она што во нашиот регион се емитуваша и беше познато како „Твоето лице звучи познато“, каде познатите се трансформираа и ги имитираа естрадните ѕвезди.
„Потсетување на одлична ноќ за мене на успех на „Како две капки вода“ но една недела претходно, ментално живеев за себе во кожата на Мајкл.
ПС: Само да се знае – како 20-годишник уште на мојот прв мобилен телефон ѕвони „Човек во огледало“ (Man in the mirror) и никогаш не ја сменив мелодијата во следните 24 години“ – споделила бугарската актерка покрај фотографијата во трансфомираниот лик на нејзиниот идол.
Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/Yana Marinova