Дуелот помеѓу скопјанката Сања Тодоровиќ и нејзината конкурентка од Србија, Дијана Михајловиќ привлече големо внимание во најновото издание на „Ѕвездите на Гранд“, па жирито имаше спротивставени коментари.
Сања доби шест гласа од жирито, а Дијана четири, и двете поминаа во следната рунда на натпреварувањето, но дел од жирито и забележа на Сања за, како што велат, вишок килограми и изборот на стајлингот.
– Гласот на Сања, и фигурата на Дијана – рече Саша Поповиќ по настапот на двете натпреварувачки, на што Ана Бекута додаде:
– Сања може да ја достигне таа бројка килограми, но Дијана не може да го достигне гласот на Сања.
Ана потоа додаде дека линијата е преценета, на што Ѓорѓе Давид се побуни.
– Недозволиво е да изгледате вака на само 23 години. Сè уште треба да работите на пеење, не сте доволно добри за да си го дозволите тој изглед. Ве молам, погрижете се, јас сум твој навивач – и рече Давид на Сања Тодоровиќ.
И тогаш се приклучи Марија Шерифовиќ.
– Се согласувам дека Сања може да изгледа многу попривлечно во согласност со нејзината возраст и пеење, но на пример Дијана. Да знаеше малку повеќе за пеењето, ќе беше одлична. Ве молам, од таа причина, не дозволувајте мажите да ве гледаат исто како сто грама месо, бидејќи тоа е, да! – искрена беше Марија.
– Дијана, многу напредуваше, се сеќавам на тебе од претходните сезони. Се надевам дека ќе има толку многу напредок во наредниот период. Сања е подобра пејачка, и јас секогаш го поддржувам тоа, но не е дека немаш квалитет – беше коментарот даден од Вики Миjковиќ.