Пејачката Неда Украден има долга кариера која трае со години, нејзините песни се хитови, но пејачката има интересен и приватен живот.
Неда сега откри дека побегнала од сопствената свадба.
„Го оставив човекот пред самата венчавка. Тој маж имаше наше потекло, но живееше во Америка. Се беше договорено, а јас одеднаш одлучив да не се венчам и да не отидам со него пред олтар. Едноставно, го променив планот“, вели Неда и додава дека набргу сфатила дека не погрешила.
„Бевме заедно една година и многу се сакаваме. Се изгледаше соврешно, додека не го оставив, а потоа тој го покажа неговото вистинско лице. Се разделивме, а тој поради мене го демолираше целиот хотел „Хилтон“ во Америка. Беше страшно љубоморен. Јас тогаш сфатив дека жената треба добро да ги отвори очите кога ќе се мажи. Јас пред тоа бев во брак и тоа ми беше сосема доволно“, вели Неда за „Информер“.
Потсетуваме, Неда Украден 15 години беше во брак со режисерот Милан Билбиј кој почина во 2013 година.
„Со својот починат сопруг ги поминав најубавите моменти. Ја добивме ќерката Јелена и можеби таа е најголемата причина зошто повторно не се омажив, иако имаше многу кандидати. Не се каам што повторно се омажив. Подобро да сум сама отколку со некој кој ми создава киселина во желудникот“ искрена беше поп пејачката.
фото: немања николиќ/соња спасиќ/инстаграм