Радоста која Божиќ ни ја носи, сразмерно ја дочекуваме со возобновената „Небо и земја“ која симболиќно за големиот христијански празници Бадник и Божиќ е премиерно објавена.
На интернет канлот Бадникови поворки на Јутјуб токму за Бадник беше промовирана новата божиќна песна и спотот за истата во кој учествуваа прекрасни дечиња, актери и дел од пејачите како: Димитар Андоновски, Викторија Лоба, Елена Ристеска, Стефан Филиповски, Вера Милошевска,Влатко Лозаноски.
Имено, учесниците и реализаторите на овој прекрасен празнично-музички проект ги покануваат сите Македонци, денес недела, 6-ти Јануари, од 11 часот, на најголемиот Божикен настан во регионот, на кој се очекува учество на околу 10 илјади деца од целата земја.
Во Скопје, на плоштадот пред Црквата Св.Димитриј, ќе се одржува голема божиќна манифестација со Божикен концерт и Божикна претстава на кои што ќе им претходи топол дочек на коледарчињата преку Камениот мост со бесплатни Бадникови чајчиња и колачиња за секое дете.