Членката на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, Вики Миљковиќ, за разлика од останатите колеги кои имаа специјален стајлинг за големото финале, таа некако беше ненаметлива со минималистички и пристоен стајлинг.
Но, како што пишуваат српските медиуми, тоа не бил вистински избраниот изглед на Вики.
Таа на снимањето се појави во црн мантил, бидејќи имала проблем со тоалетата што требало да ја носи.
-Неколку минути пред да излезам од станот, доживеав пех таја што ми пукна фустанот, така што на снимање дојдов во мантил. Не знам што сега, кажала Вики, а на прашањето дали ќе ја гледаме и во следната сезона, изјавува:
-Секако, се гледаме во наредната сезона!