Радио Милева

Не знаеше дека се вклучени камерите: Сања Кужет ја прокоментира кандидатката од „Ѕвездите на Гранд“

Не знаеше дека се вклучени камерите: Сања Кужет ја прокоментира кандидатката од „Ѕвездите на Гранд“

Регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ секоја сабота ги руши рекордите, а ова претходната сезона членовите на жирито имаат и улога да бидат ментори.

Имено, од претходната година е воведено правилото, Марија Шерифовиќ, Јелена Карлеуша, Вики Миљковиќ, Ѓорѓе Давид, Ана Бекута и Босанац да бираат кандидати кои ќе ги подготвуваат за новиот круг.

Водители на шоуто се добри познатите Сања Кужет и Воја Недљковиќ кој професионално си ја работат работата.

Во последната емисија кандидатите беа многу инспиративни, а една од нив е и Азра Мехмедовиќ.

Таа не доби ниту еден глас од жирото, но Дара Бубамара која беше гост – ментор во жирито се сожали и прифати на кандидатката да и биде ментор.

фото: Јутуб

Јелена Карлеуша имаше негативни критики на сметка на изгледот на Азра, па и порача дека го нагласила своето тело кое не е со идеални пропорции, а девојката откри дека се здебелила поради здравствени проблеми.

Кога кандидатката замина од сцената се слушна гласот на водителката Сања Кужет кој не знаеше дека се вклучени камерите, па ја прокоментира младата девојка.

„Ова девојче ми изгледа како тиква“ кратко прокоментира Сања без да знае дека нејзиниот коментар отиде во етер.

фото: јутуб
To top