Радио Милева

„Не треба да се плашат од мене“:Ѓорѓе Давид проговори дали ќе остане во „Ѕвездите на Гранд“

„Не треба да се плашат од мене“:Ѓорѓе Давид проговори дали ќе остане во „Ѕвездите на Гранд“

Коронавирусот им задава проблеми и загуби на луѓето низ целиот свет, а од истиот заболе и еден од членовите на жирито на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“.

Ѓорѓе Давид помина повеќе од две недели во болница заради пневмонија.

Емитувањето на музичкиот натпревар во моментов е стопирано, а Давид откри дали ќе го гледаме во жирито кога ситуацијата ќе се смири.

– Ние остануваме во контакт нон-стоп со целиот тим. Се зависи од тоа како ќе оди со ситуацијата со пандемијата. Ако снимањето продолжи, секако дека ќе останам на жирито, зошто да не? Ако мислите дека другите се исплашени затоа што имав корона, тие не треба да се плашат од мене. Имам антитела и веќе не сум преносител. Сите треба да бидат исплашени затоа што не прележале “, рече тој.

Во оваа прилика тој им се заблагодари на сите пријатели и колеги кои го поддржаа.

фото:ѓорѓе давид/инстаграм

– Искрено сум благодарен на целиот тим што цело време беше со мене на линија, како и на Томи, Џоле, Јела, Ивана Петерс … Секако, Ана која цело време беше со мене, тимот на момци и девојчиња на кои сум ментор во рамките на „Sвездите на Гранд“. Сите оние прекрасни луѓе, познати и непознати, кои безусловно ми испраќаа пораки за поддршка. Ова е приказната што ми даде сила “, рече Ѓорѓе Давид.

To top