Радио Милева (не)како и успеа?!

Не е тенка како манекенка, ама… Бремената Антониа Гиговска во мини спортско фустанче целосно покажа што сѐ уште може (фото)

Не е тенка како манекенка, ама… Бремената Антониа Гиговска во мини спортско фустанче целосно покажа што сѐ уште може (фото)

Младата пејачката Антониа Гиговска се повлече од настапите пред неколку месеци со цел подобро да се посвети на бременоста и нејзиното здравје.

Но,  Антониа не престана да го привлекува вниманието на јавноста и да се појавува на јавни настапи секаде каде што ќе ја поканат.

Па така, неодамна се појави на настан повод роденденот на  „Убавина и здравје“ истакнувајќи го трудничкиот стомак во шарено и плетено мини фустанче.

Дека таквиот храбар стајлинг во третиот триместар е нејзино секојдневие покажа и сега кога на социјалната мрежа „Инстаграм“ на нејзините фанови најпрво им откри дека не е на никаква диета или здрава исхрана која очигледно сега и е во втор план, бидејќи здравјето на бебето сега и е на прво место, па си дозволува се’ што ќе посака.

Имено, Антониа на социјалната мрежи покажа како јаде порција помфрит со голем бургер, нешто што претходно можеби би било незамисливо во нејзиниот план за исхрана,  но сега одлучи само да се опушти  и да јаде се што во „нормални услови“ би се воздржала.

Додека пак, во преден план на фотографијата таа ги покажа и нејзините голи нозе кои наѕираа на објавата и алудираа дека мини фустанчињата станале нејзино секојдневие.

Со бакнеж кон следбениците и секси поза Антониа потенцираше дека е среќна трудница која ужива во секој момент во блажената состојба, но и дека е пресреќна што успеала да влезе во нејзиното омилено спортско фустанче од старата гардероба, кога беше тенка како манекенка.

Фото: Принтскрин/Инстгарам/Антониа Гиговска

To top