Изборот за песна на „Евровизија“ оваа година ќе се одржи во Тел Авив, Израел.
Наша претставничка е Тамара Тодевска која ќе не претставува со песната „Proud“.
Имено, Тодевска неодамна ја објави песната и видео записот за песната, а веднаш доби позитивни коментари и еден куп реакции.
Многумина коментираат дека ова е досега најдоброто нешто, а ако судиме по коментарите на социјалните мрежи, Тамара е на добар пат да се пласира на повисоко место.
Тодевска истакна дека нејзини придружни вокали ќе бидат Антониа Гиговска, Андријана Јаневска и Васил Гавранлиев.
Иако се шпекулираше дека можеби на сцената ќе се појави и нејзината сестра Тијана Дапчевиќ, пејачката истакна дека нема да оди во Израел, туку ќе остане во Белград да ја чува Хана.
Тодевска полека се подготвува за Евровизија, а вчера замина во Тел Авив каде ќе ја сними видео разгледницата.
Таа на својот „Фејсбук“ објави фотографија од скопскиот аеродром, а во описот напиша:
„Не сум утрински човек, но навистина му се радувам на своето прво патување во Израел, за да ја снимам мојата евровизиска разгледница. Ве сакам сите“, напиша Тодевска.
![](https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2019/03/55506904_10157005645651113_6320069299759218688_n.jpg)
Исто така, Тамара во кратките приказни на „Инстаграм“ објави неколку фотографии директно од Тел Авив.
„Добро утро од Тел Авив“ стои во описот на една фотографија.
![](https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2019/03/tttttta.jpg)
![](https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2019/03/tttttttttt.jpg)
Инаку, Тамара ќе настапи на 16ти мај, на втората полуфинална вечер.