Радио Милева време има само за пеење

„Не сум прочитала ниту една книга“ – Српската фолкерка ги изненади сите, па призна: „Поважно ми беше да заработам пари“ (фото)

„Не сум прочитала ниту една книга“ – Српската фолкерка ги изненади сите, па призна: „Поважно ми беше да заработам пари“ (фото)

Злата Петровиќ важи за една од најпопуларните фолкерки, а многумина велат дека тоа е затоа што таа е „вистинска жена од народот“.

Таа сега откри дека естардата не ја разгалила, па без никакво двоумење призна дека не прочитала ниту една книга од основно училиште.

– Не прочитав ниту една книга бидејќи немав време да се занимавам со тоа. Не се срамам затоа што мојот живот тргна во друга насока. Поважно ми беше да пеам и да заработам отколку да се образувам – започнала Злата и додала дека последен пат читала во основно училиште.

– Читав лекти бидејќи морав до осмо одделение и толку. Еднаш размислував да одам на училиште, но сфатив дека пеењето и животот што го водев ме научи да читам луѓе. За мене секој човек е книга. Мислам дека немаше да сум попаметна ако завршев факултет – рекла пејачката и додала дека и денеска иако е во пензија нема време за читање.

Фото: Принтскрин/Ата Имаџес/Антонио Ахел/Пинк Тв

 

 

To top