Радио Милева

„Не си ти човек, ти си….“: Хана со оригинална порака до мама Тамара (фото)

„Не си ти човек, ти си….“: Хана со оригинална порака до мама Тамара  (фото)

Ова годинешната преставничка на „Евровизија“, Тамара Тодевска постојано е во центарот на вниманието.

Нешто од позитивна страна, нешто од негативна. Имено, откако ја претстави Македонија на „Евровизија“ со „Proud“ и го освои првото место од жирито и седмо од публиката, Тодевска доби многу пофалби и ја нерекоа морален победник.

Меѓутоа, потоа следеа низа скандали кои го фрлија во сенка овој успех на пејачката.

Имено, прво Тодевска беше критикувана поради нејзиниот настап на „Парада на гордоста“, а потоа кога настапи на амбасадата на САД го испушти делот каде се спомнуваат македонските револуциноери, а токму за оваа грешка јавно се извини истакнувајќи дека понесена од емоциите го испуштила овој дел.

Оттгаш, пејачката не е активна на социјалните мрежи, барем не како порано бидејќи е познато дека таа е една од најактивните пејачки, па секој момент го споделува со фановите.

Многу ретко ќе објавеше некој цитат или ќе промовираше некој моден бренд.

Меѓутоа, за неа најголемо богатство се нејзините деца, односно Хана и неколку месечниот Дарен.

фото: принтскрин/инстаграм/тамаратодевска

Таа го користи секој момент за да ги поминува со нив и да ужива во нивното растење.

А кога сте родител тоа носи бројни обврски и одговорности, па детето бара внимание и да сте покрај него.

Неколку пати досега Тамара има изјавено дека покрај Хана не може да застане на минута, но изгледа и не може да се наспие.

Имено, во кратките приказни на „Инстаграм“, Тодевска објави дијалог меѓу неа и нејзината ќерка која и вели на пејачката дека не е човек туку мамичка.

фото: Принтскрин/инстаграм/тамаратодевска

Овој сладок момент сигурно ја насмеа Тодевска, а утрото и започнало на убав начин.

To top