Рајдер листата на светските ѕвезди се нереални, додека пак на српските ѕвезди барањата се поскромни.
Една од најскромните е Светлана Цеца Ражнатовиќ.
„Секако дека имам рајдер листа, тоа е нормална работа кога се занимавате со ваква работа. Но, што се однесува до мојата листа, досега немам посебни барања, само нестудена вода и ништо повеќе“ изјави Цеца.
Лепа Брена од организаторите бара само овошје.
„Едноставно, сакам да се најадам свежо овошје. Нема некое посебно, овошјето е полно со витамини и минерали, така да во ниту една прилика не може да ми наштети“, изјави Брена во една прилика.