Хелена Топаловиќ, ќерката на пејачот Милан Топаловиќ Топалко, е многу активна на Инстаграм, каде објавува провокативни фотографии речиси секој ден. Судејќи според социјалните мрежи, таа сака удобен живот, и често патува на луксузни дестинации.
Иако не е јасно што работи Хелена, јасно е дека е „полна како брод“ и може да ужива во скапи патувања, а оние со кои патува главно не се гледаат, ги нема на фотографиите кои ги споделува убавицата.
Она што е познато е дека во ноември 2019 година таа отиде на Малдивите со тенисерот Дамир Џумхур, со кого некое време беше во врска. Хелена неодамна уживаше во Египет, пред тоа остана на имотот на Наташа Беквалац, чија кирија за еден ден чини неколку стотици евра, па се прошета и до Валенсија, Амстердам, како и разни други дестинации.
Инаку, Хелена неодамна дипломираше на Факултетот за бизнис и право во Белград.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/gradi-za-diploma-kjerkata-na-topalko-i-na-diplomska-vo-provokativno-izdanie-foto/
„Таа заврши колеџ за бизнис менаџмент. Работи неколку години како менаџер во некои клубови, работи како модел, се слика за разни компании, рекламира за нив, глумеше во неколку музички спотови … Се што е во врска со тоа …“ – изјави неодамна Топалко на темата за заработка на ќерка му Хелена.
„Таа знае како да заработи добри пари од Инстаграм, гледам дека одлично се снаоѓа, плива одлично во во ва време. Само да не реши да биде пејачка. Тоа е горчлива работа“ – додаде пејачот.