Луна Ѓогани со среќната вест го израдува целото семејство, но и нејзините верни фанови. Откако таа ја сподели веста за втората бременост со своите следбеници на социјалните мрежи, честитките секојдневно пристигаат. Своите впечатоци и како се чувствува таа ги сподели со гледачите на емисијата „Премиера“
– Се чувствувам одлично, сите ми велат дека сум посмирена и некако поубава во бременоста. Имам чудна и убава енергија. Така ја објавив и веста дека сум бремена, ја почувствував во себе – изјавила Луна.
Пред да дознае дека е бремена, била на пат за Америка, додека нејзината ќерка Миа ја чувале баба ѝ Анабела и сестрата на Луна, Нина.
View this post on Instagram
– Нина беше најсреќна, плачеше. Додуша и првиот пат така реагираше, па еве ја и сега. И тато и мама се среќни, сите се среќни за мене. Со нетрпение чекаат да добијат уште едно внуче – рекла Луна.
View this post on Instagram
Како што вели, сите мислат дека второто дете ќе биде машко, а таа додава дека единствено и е важно детето да е живо и здраво и дека не се грижи кој пол ќе биде.
– Она што би сакала е малку да личи на мене, а не да бидам само инкубатор – рекла Луна.
Фото: Принтскрин/Инстаграм