Пејачката Снежана Ѓуришиќ нема намера да го посети својот син Марко кој е во притвор бидејќи и се заканувал на мајка си и се сомнева дека направил кражба.
Меѓутоа, пејачката му пратила пакет со облека и други неопходни работи, пренесува српски Курир.
Иако со својот наследник не е во најдобри односи, фолк ѕвездата има потреба да му помогне.
На почетокот на август, синот на Снежана беше приведен бидејќи и се закануваше на пејачката.
„Снежана не губи надеж дека Марко ќе се врати на вистинскиот пат. Таа е разочарана поради неговите постапки во последните години, но ќе му помогне повторно да стане одговорна личност.Кога му беше одреден притвор од 30 дена, му се јави на близок пријател и го замоли на неговиот син да му однесе пакет со облека и други потребни работи. Снежана не планира да го посети во затвор бидејќи е многу повредена, сепак и се закануваше. Но, тоа не значи дека ќе му сврти грб, вели извор близок на пејачката.