Гоца Тржан објави на социјалните мрежи од Чешка, па им се обрати на сите оние кои премногу се занимаваат со нејзината приватност.
Бидејќи со денови се шпекулираше дека таа отишла во споменатата европска земја со нејзиниот сопруг Радомир Новаковиќ со цел да се обиде да остане бремена преку ин витро оплодување, почувствувала потреба да каже што и паѓа на ум.
View this post on Instagram
На видеото, кое го сподели на Инстаграм, нејзиниот сопруг иронично и вели: “Ја следиме Гоца Тржан, во Прага сме. Здраво, Гоцо, како е тука? Дали си бремена?”, На што таа одговара: “И да одј**ите малку, а?
View this post on Instagram
– Прво, ви благодарам за вашите љубезни желби и позитивната енергија што ми ја испраќате. Тоа е бесценето. Ова е клип што накратко го илустрира непочитувањето на границите и отсуството на емпатија и убаво воспитување со кои се среќавам со години. Лекција на денот: почитувајте ја приватноста на другите луѓе и не држете го носот таму каде што не му е место. Однапред ви благодарам во име на сите оние кои минуваат низ истите непријатности и немаат сила да одговорат на непристојни и болни прашања. Со среќа на сите што сте во неизвесност и чекате. Ве сакам. И Бог ве сака, каков и да биде крајниот резултат – напиша Гоца во описот на објавата.