Радио Милева

Не остана должна: Пинк им одговори на „хејтерите“ кои ја нападнаа поради една фотографија со нејзиниот син

Не остана должна: Пинк им одговори на „хејтерите“ кои ја нападнаа поради една фотографија со нејзиниот син

Наместо да ужива во својот одмор, Пинк поради една фотографија се најде во проблем.

Таа на „Инстаграм“ објави фотографија на која нејзиниот син Џејмисон Мун се наоѓа недалеку од базенот, но без својата пелена за пливање, се јавија „хејтерите“ кои коментираа дека фотографијата е непримерна бидејќи синот на пејачот е  речиси гол.

Изневирана од реакцијата, Пинк бргу ја избриша фотографијата, а потоа објави друга каде ги сокри инимните делови на синот.

„Нешто не е во ред со многумина од вас. Се расправате за пенисот на моето дете? Дали сте нормални. Како и секоја нормална мајка на плажа не забележав дека ја соблекол пелената. Ја избришав фотографијата бидејќи сте одвратни. И сега ги забранувам коментарите и ја вртам главата поради медиуимите и војниците зад тастатура кои донесуваат само негативност во нечиј живот. Нешто не е во ред со вас. Не можам да верувам“ напиша Пинк во описот на фотографијата на која се наоѓа нејзиниот син со постарата сестра.

 

View this post on Instagram

 

❤️

A post shared by P!NK (@pink) on

Ова не е првпат како пејачката се соочува со јавноста кога се во прашања нејзините деца.

To top