Радио Милева повеќе среќа следен пат

Не очекуваше ваков резултат: Омар Џаферовски се огласи откако испадна од „Ѕвездите на Гранд“

Не очекуваше ваков резултат: Омар Џаферовски се огласи откако испадна од „Ѕвездите на Гранд“

Омар Џаферовски испадна од музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Тој настапуваше во последната емисија и се претстави со песните „Етида“ и „Ове ноче једна жена“.

Џаферовски доби три гласа, а Саша Поповиќ без размислување му го даде четвртиот глас и го пушти во бараж.

Снежана и Ана истакнаа дека Омар имал претешка задача, но и дека не вежбал доволно. Со нив се согласи и Драган Стојковиќ Босанац.

-Беше амбициозен, песната „Етида“ е направена за изведба во живо. Да отпееш точно 99 тонови, а еден да згрешиш, тоа е како од камион со 100 тона песок, еден да испустиш. Ја поздравувам твојата амбиција, но е невидена опасност, изјави Стојковиќ.

=Многу си шармантен и имаш нешто во себе. Но, пееше две песни од ист период, наместо втората малку да биде брза, изјави Мили.

Ѓорѓе Давид кој е ментор на Македонецот застана во негова одбрана и сакаше да го заштити од негативни коментари.

-Ако еден тон е проблем да ти се даде глас, алал да му е на оној кој не ти го даде гласот. Има пејачи кои добија шест гласа, а не се ни за забележување, јас ова ти го кажувам како твој ментор. Не се обратувам на никој посебно, но јас овде имам најмалку авторитет. Мое мислење дека ова беше за повеќе гласови, и мислам дека ќе згрешат ако не одиш во следниот круг, изјави Ѓоле.

За жал, Македонецот не помина понатаму и го напушти натпреварувањето. Тој се огласи по овој повод.

-Епа, драги мои, овде завршува моето натпреварување на „Ѕвездите на Гранд“. Сакам да се заблогодарам на моето семејство, пријатели и на сите што бевте покрај мене и останевте тука да ме поддржувате. Едно големо БЛАГОДАРАМ на мојот ментор Ѓорѓе Давид. Ви благодарам што се трудевте сите да бидеме максимално добри на оваа сцена и ви благодарам за сите совети. Не застанувам овде, следната година ќе одиме посилно, а отогаш од мене очекувајте многу музички изненадувања. Ве сакам и ви благодарам, напиша Македонецот на Фејсбук.

Дали продукцијата ќе го врати Омер оваа сезона останува да видиме.

фото: Муња/Лука/Ели/фејсбук/омар џаферовски

To top