Синот на Лепа Брена, Виктор Живојиновиќ доживеал голема непријатност на црногорското приморје.
Имено, публиката во Будва ја забавуваше пејачот Здравко Чолиќ, а младиот Живојиновиќ имал голема желба да биде на неговиот концерт, но во последен момент сфатил дека нема резервација и го нема на списокот.
Вработените му објасниле дека не може да биде дел од овој концерт, бидејќи нема билет, а тоа не му било сеедно на Виктор.
View this post on Instagram
Очигледно, иако е син на популарна пејачка, не му биле дадени никакви привилегии.
По неколкуминутна расправија со дежурниот персонал, тој добил карта и конечно можел да го слуша пејачот.
– Виктор Живојиновиќ доживеа непријатност пред концертот, дојде и сфати дека го нема на списокот, нема резервација. Се расправаше со персоналот, а потоа налутено мавташе со рацете. На крајот отишол да купи билет – вели добро упатен извор за „Блиц“.
фото:инстаграм