Викендов македонските иселеници несомнено уживаа во македонската музика, а за тоа се погрижија дел од нашите најголеми или во моментов најпопуларни фолк – ѕвезди.
Тие направија одлична забава за македонската дијаспора, а за тоа се пофалија на нивните профили на социјалната мрежа „Инстаграм“. Атмосферата насекаде каде што настапувале била прекрасна, а пејачите презадоволни и со полни раце бакшиш.
Сузана Гавазова имаше настап најпрво во Мерхтем, општина која се наоѓа во белгиската покраина Фламански Брабант, а потоа заминала и во Брисел. Атрактивната струмичанка со видео „стори“ покажа полна сала која ечеше со македонска песна.
Облечена во најкраткото фустанче, во едната рака го држеше микрофонот и банкнотите, а во другата држеше полна рака бакшиш, па со нејзината објава го долови амбиентот и еуфоријата која владеела таму.
Татјана Стефановска настапуваше во Штудгарт, Германија, а пејачката неуморно пееше и играше меѓу задоволната публика која крената на нозе вртеше оро на македонската музика.
Марија Луиса Тодоровска настапи во Гомисвалд, општина во Валкрајс во кантонот Сент Гален во Швајцарија.
Битолчанката објавила селфи од себе прд настапот…
…Па ја покажала и преполната сала на Инстаграм, а објави и фотографија од автомобилот каде покажа и дел од снежната идила.
Елена Велевска викендов пееше во Гампелен, Швејцарија, додека во салата гордо се вееше македонското знаме, момент кој пејачката го долови со нејзината селфи камера.
Македонскиот пејач Благоја Груевски објави фотографија заедно со пејачката Елена Велевска каде покажа дека патуваат од Шајцарија до Италија за таму да ја продолжат турнејата, заедно со дел од новосоздаденото друштво “Амицизиа” во Равена.
Ова беа само дел од нашите фолк – ѕвезди кои викендов ги забавуваа македонските иселеници, кои пак беа пресреќни што можеа да се дружат со нив, а пејачите…? Пејачите презадоволни оти не можеа да го дособерат бакшишот!
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Фејзбук