Фолк пејачката Андреана Чекиќ порасна во австриската престолнина, а пред повеќе од една деценија се пресели во Белград.
Поради работата и било полесно да живее во Србија, а потоа во еден момент сфатила дека Виена повеќе и одговара.
Андреана Чекиќ, имено, од минатата година повторно живее во странство.
– Патував од Виена за Србија, бидејќи таму пораснав, оттаму дојдов кога се натпреварував во „Ѕвездите на Гранд“. Кога решив да останам некое време во Белград, навистина не планирав тоа да бидат единаесет години. Што знам, во јануари решив да се вратам таму, да имам база во Виена и мислам дека беше вистинското време за тоа – изјави неодамна таа.
– Таму, барем за мене, има сосема друга енергија, но секогаш зборувам исклучиво за себе, можеби некому не му се допаѓа тој или друг град, но таму уживам и кога излегувам некаде, и кога шетам со моите кучиња, а овде не можам – призна тогаш пејачката за „Телеграф“ и истакна дека повеќе не сака јавно да го експонира својот приватен живот.
– Ниту вие, ниту мојата публика нема да ме обвинувате, решив повеќе да не зборувам јавно за мојот љубовен живот бидејќи во претходната врска поминав низ медиумска тортура и ми беше многу тешко да го поднесам сето тоа. Се разбира, научив да се справувам со тоа, но сега решив да задржам се за себе, барем колку што можам. Важно е што сум навистина среќна и исполнета – изјави Андреана која зад себе има еден брак.
Фото: Принтскрин/Инстаграм