Радио Милева

Не можеше да објави поубава честитка: Слаткар ќе стане татко – Сања е ултра секси трудница со нараснато стомаче (фото)

Не можеше да објави поубава честитка: Слаткар ќе стане татко – Сања е ултра секси трудница со нараснато стомаче (фото)

Популарниот рапер Марко Маринковиќ-Слаткар, нешто по полноќ и доаѓањето на Новата 2020 година, имаше специјална честитка за годината во која влеговме.

Среќата која тој ја доживува, им посака да им се случи на сите. Имено, во новогодишната честитка на Слаткар, во фокусот е блажената сопруга Сања Николиќ која во ултра шик елегантно издание позира пред огледалото држејќи ја едната рака на нараснатиот стомак кој веќе се забележува.

-Ќе станам татко 2020 ќе биде мојата најсреќна година! Ви посакувам убавини. Среќна Нова Година!, пишува Слаткар за убавата година и убавата сопруга која во себе носи живот кој на објцата ќе им го промени целосно нивниот.

 


За потсетување, Сања и Слаткар се венчаа во 2014 година во еден скопски ресторан, а на големата свадба првиот танц го одиграа на песна која тој специјално ја напиша за неа, а присуствуваа многу познати личности од јавниот живот.

To top