Радио Милева

Нема сопирачки за трошење пари: Вељко Ражнатовиќ се почести со нова машина од 120 илјади евра (фото)

Нема сопирачки за трошење пари: Вељко Ражнатовиќ се почести со нова машина од 120 илјади евра (фото)

Синот на Цеца Ражнатовиќ, Веjко Ражнатовиќ, се пазарил за нов автомобил вреден 120.000 евра.

Станува збор за нов модел BMW X7, со сите додатоци. Тој постојано го зголемува својот возен парк и годишно се подновува со по неколку скапи машини.

Тој веднаш се пофали за луксузниот теренец на четири тркала на социјалните мрежи, каде го сними детално од внатре и надвор.

Вељко му „фрлил око“ на овој автомобил долго време, кој сега е дотеран според неговиот вкус и потреби.

Вељко во повеќе наврати во јавните изјави кажал дека сака да вози добар автомобил, но дека неговата безбедноста секогаш е во прв план.

Бидејќи Ражнатовиќ не сакаше обезбедувањето да го вози, Цеца секогаш се обидуваше синот да го има најдобриот автомобил.

Во една прилика, тој призна дека неговата мајка ја исполнила секоја негова желба, иако редовно му држи предавања да вози полека и да не дивее.

фото:инстаграм/вељко ражнатовиќ

– Јас сум обожавател на брзи машини, но ги почитувам законот и ограничувањата, никогаш не дивеам – рече Вељко неодамна.

To top