Холивудскиот актер Бред Пит(53) наводно и понудил на Анџелина Џоли(42) да земе половина од неговото богатство кое се проценува на повеќе од 350 милиони долари, но таа не сака ни да чуе. Наводно Џоли и понатаму инсистира Пит да минува што помалку време со нивните шест деца.
-Тој се обидува да ја „купи“ Анџелина. Откако летото го испитуваа за злоставување на синот и откако призна дека има проблеми со алкохолот, нема што да изгуби, тврди извор близок на екс-двојката и додава дека приоритет на Бред се децата со кои сака да помине повеќе време.
-Бред и Анџелина годишно на телохранители за децата трошат милион доалри. Тој и понатаму сака да учествува во тој трошок, вели пријателот, како и тоа дека актерот сака Џоли и понатаму да се занимава со хуманитарна работа , а тој да се грижи за финансиите.
Инаку, Бред и Џоли објавија дека се разведуваа во септември минатата година.