Радио Милева

„Не јадев, не спиев“: Северина неутешна поради смртта на Оливер Драгојевиќ!

„Не јадев, не спиев“: Северина неутешна поради смртта на Оливер Драгојевиќ!

Популарниот хрватски пејач Оливер Драгојевиќ почина во неделата во болница во Сплит. На него му беше откриен рак на белите дробови, а по една година боледување, пејачот почина во неделата.

Неговите колеги се простија од својат колега, а пејачката Северина е неутешна поради загубата. Таа дури и го одложи објавувањето на својата нова песна „Магија“ која требаше денес да и ја претстави на јавноста.

Северина во кратките приказни на Стори објави фотографија од Оливер, а во описот напиша:

„Денес не можам да објавам нова песна, не можам да зборувам, не јадев, не спиев, а и не можам да се радувам. Ајде малку да тагуваме. Ќе има песни. Мој галебе“

Фото: принтскрин/инстаграм
To top