Манекенката Хајди Клум и нејзиниот сопруг Том Каулиќ се фотографирани на Сардинија, додека Хајди беше во минијатурно црно бикини.
Имено, славниот пар моментално ужива на одмор, а папараците ги фотографираа како се гушкаат и бакнуваат во плитко и не се грижат што сите гледаат во нив.
На почетокот на овој месец тие беа видени како се гушкаат и во Венеција. На парот во Венеција им се придружи нејзината 13-годишна ќерка Лу, која ја има со поранешниот сопруг Сила. Хајди и Том се венчаа во 2019 година. На манекенката ова и е трет брак, а рокерот од групата „Токио хотел“ е помлад од неа дури 17 години.
Фото: Принтскрин/Профимедиа