За новосадската барбика, пејачката Наташа Беквалац, Македонија и Скопје се почесто се дел од нејзината агенда со настапи.
Тоа е доказ дека нашата публика се почесто сака да ја гледа и слуша русокосата убавица, а пак таа со задоволство прифаќа средба во живо секако за прифатлив хонорар.
Овој пат пееше во еден познат скопски музички бар каде ја собра својата македонска публика која го пополни локалот до последно место.
Меѓу присутните кои сакаа да уживаат додека наташа Беквалац им пее во живо, беше и Лила филиповска заедно со уште неколкумина пријатели и пријаетлки. Разиграни, распеани и задоволни од музичкиот репертоат нассрпската музичка гостинка.
Ама пред да се појави пред публиката, Наташа како што е ред мораше да се среди и да изгледа перфектно. За тоа и требаше професионалец, за кој воопшто не се двоуми, па како и секогаш довербата му ја препушти на познатиот македонски стилист Даниел Николовски кој во една прилика за Ната напиша:
-Нема зборови со кои може да с опише задоволството да се работи со оваа прекрасна жена, одвнатре и однадвор, вели Даниел за Беквалац.
За средбарта и задоволството од соработката, пејачката веднаш се огласи на социјалните мрежи и напиша дека Даниел за неа освен соработник е и голем пријател.
Кога задоволствата од резултатите се обострани, тогаш јасно е зошто се на иста феквенција која Беквалац кога е на македонски терен не би ја менувала.
фото:Инстаграм принтскрин/Наташа Беквалац,Даниел Николовски