Српската мисица Дијана Милојковиќ почина на 33 години по борбата со тешката болест.
Додека Дијана се борела со тешката болест, таа од некои луѓе добивала ужасни пораки.
Меѓутоа,тие пораки не ги допирала пејачката, туку напротив продолжила да се бори со тешката болест.
Поранешната мисица секогаш отворено зборуваше за својата болест, а во текот на борбата и отвори блог на кој го делеше своето искуство.
Сепак, во таа борба не и било лесно бидејќи ја прогонувале и негативните луѓе кои испраќале негативни пораки.
„А што ти значи да се шминкаш и средуваш кога знаеш дека ќе умреш?“ напиша еден корисник на Инстаграм, а Дијана одговори:
„А ти тоа го знаеш, па побрза да ме прашаш?Уште несредена ли да се појавам? Не знам како поразлично да одоговорам, затоа се шегувам со надеж дека и оваа личност се шегува.
„Не сонувај дека ќе се излекуваш“, а мисицијата одговори „Ете, после и јас сум болна“.
„Дали ти е криво што си болна?“ е друг коментар, на која Дијана одговори
„Па, сигурно е дека не сум среќна, но ако на некој мораше тоа да му се случи, тогаш добро е што сум јас, бидејќи за друг нема да можам да издржам“.