Приказната за запознавањето на кралскиот пар, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, која јавноста ја слуша последниве 10 години, сепак малку е искривена.
Во новата биографија за омилената војводка откриени се нови детали за љубовната приказна од кралското семејство.
Службената верзија гласи дека Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се запознале за време на студиите на престижниот универзитет Св. Ендрјус. Откако ипломирале се забавувале уште неколку години, а тогаш принцот Вилијам во 2010 година гордо ја претставил својата свршеница Кејт Мидлтон пред целиот свет.
Една година подоцна се одржа едно од најгламурозните венчавки, а наскоро станаа и родители на малиот принц Џорџ, па принцезата Шарлот, додека моментално го очекуваат третото дете.
Но, не е баш онака како што се прикажува во јавноста, открива новата книга на Кати Никол, која низ интересна биографија наречена: „Кејт: Следната кралица“ открива и како се запознал омилениот кралски пар.
За време на собирањето информации за војводката, авторката на книгата разговарала со многу нејзини пријатели од младоста кои рекле дека Кејт и Вилијам се запознале уште пред доаѓањето на факултет.
Не го запозна на факултет. Го познаваше многу порано пред доаѓањето на факултет, преку пријателка која беше мноу блиска со Вилијам и Хари, рекал една познаничка на Кејт Мидлтон.
Познато е дека Кејт во 2001 година одлучила да се запише на факултетот во Единбург, а се било спремно за нејзиното доаѓање таму. Но, во последен момент ја сменила одлуката и ги окирала родителите и пријателите со запишувањето на Св. Ендрјус, кој меѓу останатото го запишал принцот Вилијам, а со кој подоцна започнала љубовна романса.