Не е ни чудо зошто стана најбогатата пејачка на планетата, бидејќи начинот на кој се промовира е неодолив.
Ријана има повеќе од 1,4 милијарди долари на сметката. А кога ќе го погледнете најновото видео на новопечената мама, ќе сфатите како таа успеала толку да се збогати. Имено, таа на неверојатно предизвикувачки начин ги промовираше најновите парчиња долна облека на својот познат бренд!
Станува збор за црн комплет кој може да ја направи секоја жена неодолива. Исклучително е провокативен, а неговата цена е 100 фунти. Во промотивното видео Ријана го заокружи целиот стајлинг со интересни детали – ракавици кои поминаа преку лактот и предолги црни кожени чизми до бутовите.
Косата ја стави во пунџа, а посебен сјај на целиот изглед даде многу црвен кармин кој уште повеќе ја истакна нејзината сексипилност. Изгледа дека пејачката решила да ги „почасти“ своите следбеници, а ги покажала сите свои облини.
View this post on Instagram
Ријана неодамна истакна која славна личност би сакала да ја види како оди на модната писта во нејзините модели. Таа веднаш го имала подготвен одговорот на тоа прашање, без ни секунда двоумење!
– Бијонсе! Таа има тело за овие модели – изјави Ријана.
Ова издание е сосема спротивно од она што таа го избра синоќа за надвор со пријателите во ресторанот Џорџо Балди во Санта Моника. Невозможно беше да не се забележи во огромен вистински капут Balenciaga x Adidas. Таа го усогласи со сини чизми со потпетици и соодветна чанта.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Ријана/Профимедиа